среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 171
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Кошарка

Ласо: Верувам дека ќе ја освоиме титулата во Евролигата

Ласо: Верувам дека ќе ја освоиме титулата во Евролигата

Во пресрет на финалниот натпревар од кошаркарската Евролига, на прес-конференцијата своите очекувања ги изнесе тренерот на Реал Мадрид Пабло Ласо.

„Многу работа е зад нас и неслучајно сме тука. Верувам дека ќе ја освоиме титулата. Тешко беше да загубиме еден играч во раната фаза вчера, но не загубивме глава и игравме по планот. Вилијамс Гос нема да настапи утревечер и кога ќе се вратиме во Мадрид ќе извршиме дополнителни тестови. Реал е историски клуб и јас сум горд што таа историја се пишува секој ден. Таа историја нè мотивира секој ден да бидеме подобри и подобри. Луѓето се горди на нас како се однесуваме, како играме и како се бориме. Секој сака да победи, но тука победата е нормална работа.

Никогаш немав дилеми дека ќе дојдеме тука. Имавме проблеми низ сезоната, но сите екипи ги имаат. Губевме натпревари, но што треба да направиме, да се откажеме? Верувавме во овој успех и еве сме, тука сме и зборуваме за финале на Евролигата. Мора да смениме „чип“, бидејќи утре играме против друг ривал. Искрено, не знам каков тип на натпреварот ќе играме утре, но верувам дека ќе излеземе како шампиони од тој дуел. Ако моите кошаркари не сфатија дека натпреварот против Барса заврши и утре ни следи финале, јас ќе им потенцирам уште еднаш. Ако и тогаш не разберат што им велам, тогаш мора да се глупави“, започна Ласо.

Финалниот натпревар за трофејот во елитното натпреварување е закажан за утре со старт во 19:00 часот во „Штарк Арена“ во Белград.

Коронавирус