петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 128
home Кошарка

Ласо прогласен за најдобар тренер на Евролигата

Ласо прогласен за најдобар тренер на Евролигата

Тренерот на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, Пабло Ласо беше прогласен за најдобар во Евролигата за минатата сезона, во која тој ги предводеше „кралевите“ до титулата шампион на Ф4 турнирот, кој се одигра во Белград.

По вторпат во кариерата, Ласо е најдобриот тренер во елитното натпреварување во избор на своите колеги по 2015 година, кога тој, исто така, го одведе Реал до трофејот во Евролигата, а сега на тоа место го наследи Жељко Обрадовиќ.

Србинот е рекордер со три награди „Александар Гомељски“, наменети за најдобар тренер на Евролигата, а две титули има и италијанскиот стратег, Еторе Месина.

Ласо во финалето го победи Франербахче со 85-80 и го освои 10-тиот европски трофеј за „белите“.

(Миа)

Коронавирус