вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 56
home Кошарка

ЛА Лејкерс носи уште една голема ѕвезда

ЛА Лејкерс носи уште една голема ѕвезда

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс имаше разочарувачка сезона во која дефинитивно улога имаа повредите на главните ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Управата на„Езерџиите“ веќе успеа да ангажира една голема ѕвезда и тоа е Расел Вестбрук кој пристигна од Вашингтон Визардс.

Лејкерс не планираат тука да застанат и според информациите на „ЕСПН“ и новионарот Џордан Шулц нивна голема желба е ветеранот Кармело Ентони.

Ентони е многу добар пријател на Леброн и ова заедно со можноста да се дојде до титулата може да се покаже како клучно за популарниот Мело да се пресели во Калифорнија.

Ентони во изминативе години беше дел од Портланд Трејл Блејзерс, во последната кампања имаше просек од 13,1 поени, 3,1 скокови и шут од 42,1 проценти од поле и рекордни во кариерата 40,9 проценти за три поени.

.

Коронавирус