вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 45
home Кошарка

ЛА Лејкерс го доби Бостон, Бруклин подобар од Далас (ВИДЕО)

ЛА Лејкерс го доби Бостон, Бруклин подобар од Далас (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс го доби „класикот“ против Бостон Селтикс со 117-102 во еден од натпреварите во НБА лигата кои се одиграа утрово.

Леброн Џејмс со 30 поени беше прво име во таборот на победникот, додека Вестбрук реазлира 24 поени. Кај поразените недоволни беа 34 поени на Џејсон Тејтум.

Бруклин славеше на гостувањето кај Далас со 99-102. Дјурант со 24 и Харден со 23 поени беа предводници на Нетс, додека кај поразените недоволни беа 28 поени на Лука Дончиќ.

Во последниот меч од вечерта Њујорк Никс славеше на гостувањето кај Сан Антонио со 109-121.

 

Коронавирус