вторник, 3. август 2021. Вести денес: 7
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Кошарка

ЛА Клиперс ја совладаа Јута и намалија на 2-1 во серијата (ВИДЕО)

ЛА Клиперс ја совладаа Јута и намалија на 2-1 во серијата (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЛА Клиперс ја совладаа Јута со 132-106 и намалија на 2-1 во полуфиналната серија во Западната конференција во НБА лигата.

Од самиот почеток домаќините имаа предност, делуваа делуваа подобро на теренот, па беше јасно дека Јута тешко ќе го добие овој дуел. Клиперси по првата четвртина имаа 27-23, додека на полувремето позитивата беше 64-49.

Најефикасен на теренот беше Кавај Леонард со 34 поени, 12 скока и пет асистенции,додека зад него беше Пол Џорџ со 31 поен, пет асистенции и три скока. Кај Јута најдобар беше Мичел кој имаше 30 поени.

Коронавирус