петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 32
home Кошарка

Куманово со триумф против ФМП Академија

Куманово со триумф против ФМП Академија

Кошаркарите на Куманово ја совладаа  ФМП Академија, откако во вечерашното дерби од 14. коло во Првата кошаркарска лига извојуваа заслужена победа од 72-66.

Во првиот дел најрасположен кај домашниот тим беше одличниот Ливингстон, но во третиот квартал Американецот падна во сенка и ФМП го искористи тоа и со позитивни минути ја презеде контролата врз водството. Сепак, кога беше најпотребно Куманово фати ритам и израмни на 54-54, додека во одлучувачките десет минути се разигра Ѓекиќ и го одведе Куманово во заслужена победа од 72-66.

Токму српскиот интернационалец со 24 поени беше најпрецизен поединец на паркетот, додека во редовите на ФМП се истакнаа Крстајиќ со 19 и Атанасов со 18 поени.

foto : gol.mk

ЕУРО 2020

Македонија