сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 54
home Кошарка

Куманово со пораз се одјави во БИБЛ лигата

Куманово со пораз се одјави во БИБЛ лигата

Кошаркарите на Куманово ги завршија настапите за оваа сезона во БИБЛ лигата и тоа со драматичен пораз од израелскиот претставник Хапоел Холон од 98-96.

Победникот се одлучи со поени на четири секунди пред крај. На семафорот стоеше нерешено, а откако Бурдиљон поентира за Хапоел, Ливингстон загуби топка и мечот заврши.

Ливингстон со „дабл-дабл“ од 29 поени и 14 асистенции беше најдобар кај Куманово, a Ѓекиќ постигна 20 поени со уште девет скока. Кај израелскиот тим, МекГи и Сестина имаа по 15 постигнати поени.

Коронавирус