четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 69
home Кошарка

Кроше, аперкат па – затвор: Албанец доживотно суспендиран за крвничко тепање судија (ВИДЕО)

Кроше, аперкат па – затвор: Албанец доживотно суспендиран за крвничко тепање судија (ВИДЕО)

Кошаркарскиот сојуз на Албанија доживотно го суспендира играчот на Тирана, Бруно Делиу, која на неодамнешниот меч против Теута крвнички го нокаутира судија.

Причина за овој огромен инцидент, за кој пишуваа голем број европски медиуми беше банална, а тоа е техничката грешка која несреќниот делител на правдата му ја досуди на насилникот, откако тој претходно протестираше.

По два удари со тупаница, судијата падна на паркетот, по што Делиу продолжи да го удира. Кошаркарот веднаш беше приведен и од полицијата, што значи дека се соочува со можна казна затвор за физички напад со тешки последици.

ИЗВОР: СПОРТ1

Коронавирус