среда, 4. август 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

Крис Пол го одведе Феникс до своето прво финале по цели 28 години (ВИДЕО)

Крис Пол го одведе Феникс до своето прво финале по цели 28 години (ВИДЕО)

Феникс славеше на гостувањето кај Лос Анџелес клиперс со убедливи 130-103 и со вкупни 4-2 стигна до големото финале во НБА-лигата.

Санс ќе играат за титулата за прв пат по 28 години, а најзаслужен за тоа утринава беше ветеранот Крис Пол. Плејмејкерот постигна 41 поен и за прв пат во својата 16-годишна НБА кариера ќе игра во големото финале во плјеофот. Девин Букер постигна 22 поени за гостите од Феникс.

Во редовите на Клиперс најдобар беше Маркус Морис со 26 поени, додека Пол Џорџ постигна 21. Интересно за Феникс ова ќе биде трето појавување во големото финале. Претходно во 1993 година предводени од Чарлс Баркли загубија од Чикаго Булс на Мајкл Џордан со 4-2, а претходно со истиот резултат загубија и од Бостон селтикс во 1976 година.

Ривак на Санс во финалето ќе биде или Атланта или Милвоки.

Коронавирус