петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Кошарка

„Кралот“ Џејмс го мина Брајант: На ред се Мелоун и Абдул-Џабар (ВИДЕО)

„Кралот“ Џејмс го мина Брајант: На ред се Мелоун и Абдул-Џабар (ВИДЕО)

Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс Леброн Џејмс од денеска се наоѓа на третото место на вечната листа во НБА-лигата за најмногу постигнати поени.

Џејмс во поразот на неговиот тим на гостувањето кај Филаделфија од 108-91 постигна 29 поени и сега има вкупно 33.655 поени во кариерата. Коби Брајант останува на 33.643 поени на четвртото место, а пред Џејмс сега се Карл Мелоун со 36.928 поени и Карим Абдул Џабар со 38.387.

„Продолжуваш да ја носиш играта напред. Многу почит мој брате“, напиша Брајант на „Твитер“ откако Џејмс го мина на вечната листа на најдобри поентери.

Ентони Дејвис денеска беше најдобар стрелец во редовите на Лејкерс со 31 поен, но никој од останатите ѕвезди не беа расположени. Кај Сиксерс, Тобајас Херис имаше 29 поени, додека Бен Симонс постигна 29 поени со 10 скока и му недостигаа две асистенции за трипл-дабл.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Минесота – Оклахома 104-113
Кливленд – Чикаго 106-118
Детроит – Бруклин 111-121
Јута – Далас 112-107