четврток, 6. август 2020. Вести денес: 63
home Кошарка

Крафорд: Кога потпишав за Нетс, мислев дека тоа е сон

Крафорд: Кога потпишав за Нетс, мислев дека тоа е сон

Ветеранот во НБА лигата, Џамал Крафорд призна дека не верувал во тоа дека ќе стане играч на Бруклин нетс пред крајот на сезоната.

– На некој начин, ова не изгледаше реално. Навечер одев во кревет и кога се разбудив, си помислив: Дали навистина се случи ова или спиев? Дали навистина се јавија Нетс и дали навистина потпишав договор со нив?- се запрашува кошаркарот.

Фала богу. Благодарен сум на сите што ми даваа поддршка. Имав многу среќа затоа што не бев во лигата една година. Порано или подоцна, ќе дојде момент кога не сте сигурни дали ќе ве повикаат и треба да се помирите со реалноста, додаде Крафорд во изјавата за „ЕСПН“.

Сезоната во НБА лигата ќе продолжи кон крајот на овој месец.

Коронавирус