четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Кошарка

Кожув го совлада Куманово, Работнички подобар од МЗТ 2

Кожув го совлада Куманово, Работнички подобар од МЗТ 2
Во машкиот кошаркарски шампионат во Гевгелија екипата на Кожув му го нанесе третиот пораз во низа на Куманово совладувајќи го со 79-76 .
За Кожув ова беше последниот натпревар во Прволигашката конкуренција која ја заврши со скор од 10 победи и 12 порази, па сега ќе го чека исходот од дуелот меѓу ТФТ и Академија ФМП, по кој гевгелиската екипа ќе се знае дали ќе разигрува во плејофот или за опстанок.
Во СЦ Јане Сандански, вториот тим на МЗТ Скопје Уни Банка беше поразен од  Работнички со 61-70 во првиот од двата меѓусебни дуели.
Имено овие две екипи треба да одиграат уште еден натпревар, по кој вториот состав на аеродромци ќе го заокружи својот настап во прволигашката конкуренција.
За утре закажано е дербито меѓу МЗТ Сскопје Аеродром и лидерот на табелата битолски Пелистер, дуел што требаше да се игра пред две седмици во рамките од последното коло, но беше одложен поради позитивни случаи на Ковид-19 во тимот од Аеродром.

Коронавирус