недела, 9. мај 2021. Вести денес: 139
home Кошарка

Костовски го реши Работнички, МЗТ немаше проблем со Вардар

Костовски го реши Работнички, МЗТ немаше проблем со Вардар

Александар Костоски е првата фигура на Гостивар во големата победа против Работнички во Скопје од 83:79, со што е сопрена серијата на најтрофејниот наш клуб од девет победи по ред.

Костоски погоди клучна тројка при резултат 76:76, а потоа од шест обиди четирипати беше прецизен од линијата за слободни фрлања.

Гостите од Гостивар направија пресврт во последната четвртина што ја добија со 26:16, откако во одлучувачките 10 минути влегоа со негатива од шест поени.Костоски постигна 19 поени додека Јаневски беше најефикасен со 20 поени.

Младеновски кај Работнички беше прв стрелец со 19 поени, додека Питис забележа 15-ка. Во вториот меч денеска МЗТ Скопје го победи Вардар убедливо со 82:66.

Коронавирус