недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Кошарка

Кошаркарската репрезентација на Македонија го совлада Косово со 78-68

Кошаркарската репрезентација на Македонија го совлада Косово со 78-68

Кошаркарската репрезентација на Македонија во третиот натпревар ја забележа и својата трета победа, славејќи над Косово со убедливи 78-68. Тие беа многу подобри во три од четирите четвртини, па без оглед на падот во играта во вториот период стигнаа до заслужена победа во првиот натпревар што го играа во Гевгелија.

Со овој триумф е направен уште еден чекор напред кон главните квалификации за Евробаскет 2021, за што доволно ќе биде да не се се доживаа катастрофален пораз во последниот натпревар во февруари, на гостински терен во Романија.