вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркарската машка репрезентација се комплетира во недела

Кошаркарската машка репрезентација се комплетира во недела

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ ќе им се приклучи на своите соиграчи многу веројатно на неделниот тренинг, планиран да се одржи во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со почеток од 15:00 часот.

Репрезентативниот бек ги заврши своите клупски обврски со шпански Хувентуд, откако пред два дена беа елиминирани од Купот на Кралот од Басконија , но лошите авио-конекции го пролонгираа доаѓањето на нашиот интернационалец во Скопје.

За очекување е Стојан Ѓуроски  во Скопје да пристигне во текот на утрешниот ден.

 

ЕУРО 2020

Македонија