петок, 14. мај 2021. Вести денес: 136
home Кошарка

Кошаркарот на Вашингтон визардс се смета себеси за најдобар плејмејкер во НБА лигата

Кошаркарот на Вашингтон визардс се смета себеси за најдобар плејмејкер во НБА лигата

Кошаркарот на Вашингтон визардс, Расел Вестбрук се прогласи за најдобар плејмејкер во НБА-лигата, по победата на неговиот тим над Индијана со 154:141 остварена ноќеска на домашен терен.

– Лично, јас се сметам себеси за најдобар плејмејкер во оваа лига. На секој натпревар се обидувам да сфатам како можам да влијаам на мојот тим и да го направам посилен. Ова беше една од оние вечери каде што функционираа одредени работи. Плејмејкерот мора да може да ги направи своите соиграчи подобри. И јас сум многу горд што потрошив многу енергија и време да ги разиграм другите играчи, изјави Вестбрук.

Тој на натпреварот постигна 14 поени, 21 скок и 24 асистенции.

Воедно Вестбрук го повтори рекордот на НБА за најмногу асистенции при трипл дабл. Во тековната сезона има во просек по 11 асистенции на натпревар.

Коронавирус