недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 39
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Кошарка

Кошаркарот на МЗТ Скопје МВП на 2.коло во АБА лигата

Кошаркарот на МЗТ Скопје МВП на 2.коло во АБА лигата

По доминацијата на Нуни Омот по првото коло, наградата за најкорисен кошаркар и по втората рунда во АБА-лигата заврши во рацете на кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром и тоа кај Џабари Хиндс, чија фантастична партија беше една од причините за нашата завчерашна победа на гостувањето кај Спарс.

Американскиот плејмејкер во сино-белиот дрес флертуваше со трипл-дабл ефект на мечот во Сараево, откако средбата ја заврши со 23 поени, девет скока и осум асистенции. Тоа му донесе индекс на корисност 33, односно еден поен помалку од кошаркари на Хелиос, Блаж Махковиќ, чија екипа загуби па не можеше да го добие главното признание.

Хиндс воедно е и втор најдобар асистент на колото, со три додавања помалку од најдобриот неделава, Никола Кораќ од Нови Пазар.