петок, 27. јануари 2023. Вести денес: 14
home Кошарка

Кошаркарките поразени и од Германија

Кошаркарките поразени и од Германија

Македонската женска сениорска кошаркарска репрезентација ги одигра своите најдобри, 20-25 минути во квалификациите за ЕП 2023, но и тоа не беше доволно да се стигне до сензационален резултат, да се победи против Германија која триумфираше во Скопје со 47:71 (16:18, 19:9, 9:19, 3:25).

Хемпе беше најрасположена во нашите редови со 20 поени, а на спротивната страна 23 коша запиша Фибих.

На табелата во групата „А“ води Белгија со седум бодови, колку што има и Германија, шест Босна и Херцеговина на третата позиција, а на дното останува Македонија со четири.