четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 0
home Кошарка

Кошаркар со огромно срце: Лука израдува детенце (ВИДЕО)

Кошаркар со огромно срце: Лука израдува детенце (ВИДЕО)

Лука Дончиќ имаше нова одлична ноќ во дресот на Далас Маверикс, но истата не ја круниса со победа на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс.

Словенецот забележа „трипл-дабл“ на паркетот, а по дуелот и покрај поразот покажа дека има големо срце и дека е голем човек.

Дончиќ на мечот носеше патики од „Најк“, од моделот „Леброн 12“, а по средбата реши да израдува едно детенце во публиката и да му ги подари.

Како изгледаше моментот, погледнете во продолжение:

Очите на детенцето блескаа од радост кога ги доби потпишаните патики од Лука, а американската јавност го поздрави потегот на тинејџерот кој е хит во НБА-лигата.

Дончиќ во „градот на ангелите“ го забележа четвртиот „трипл-дабл“ оваа сезона.

Извор: ГОЛ