понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 58
home Кошарка

Кошаркар на Ц. Звезда заборави за кого игра: Кој е најдобар? Приморска! (ВИДЕО)

Кошаркар на Ц. Звезда заборави за кого игра: Кој е најдобар? Приморска! (ВИДЕО)

Партизан успеа да го одбрани трофејот во српскиот Куп со триумфот од 85-84 против вечниот ривал Црвена Звезда, но тензијата очигледно влијаела на концентрацијата на кошаркарот Марко Јагодиќ, кој во еден момент заборави за кого игра.

Тој до неодамна играше за Приморска, по што се пресели во Звезда, а очигледно не го заборавил својот поранешен тим, па на тајм-аут на прашањето „кој е најдобар“, одговори со „Приморска“ и сега цел Балкан се шегува на негова сметка.