Кошаркарот на Кливленд, Кајл Корвер изби на четвртото место на вечната листа на тројкаши во НБА лигата.
Триесет и шест годишниот крилен играч погоди пет удари од осум обиди зад линијата 7,25 метри и стигна до бројот 2.148 тројки со што го помина Пол Пирс кој е на петтата позиција во историјата на НБА лигата со 2.143 погодени удари за три поени.
Пред Корвер остануваат само тројца кошаркари: Џејсон Тери со 2.244 тројки, Реџи Милер со 2.560 и Реј Ален со 2.973 прецизни удари за три поени.
И покрај добрата партија на Корвер, Кливледн го загуби дуелот со Минесота со резултат.