четврток, 12. мај 2022. Вести денес: 206
home Кошарка

Коронавирусот го одложи мечот помеѓу Феникс 2010 и Пелистер

Коронавирусот го одложи мечот помеѓу Феникс 2010 и Пелистер

Натпреварот од 14. коло на Првата македонска кошаркарска лига кој требаше да се одигра в недела во СЦ „Јане Сандански“ меѓу Феникс 2010 и Пелистер е одложен.

Поради позитивни случаи на коронавирусот во редовите на скопскиот тим, двете страни во согласност со федерацијата се согласија дуелот да не се одигра. Пресметката која беше закажана за 11:30 часот в недела требаше да биде последна во оваа рунда.

Сепак, наместо в недела дуелот меѓу Феникс 2010 и Пелистер ќе се одигра на трети февруари, а точната саатница ќе биде дополнително утврдена.

Коронавирус