петок, 13. декември 2019. Вести денес: 132
home Кошарка

Колумна: Државно финансирање во спортот

Колумна: Државно финансирање во спортот

Еден од врвните приоритети на секоја држава е обезбедување на ефикасен систем на спортот кој е основа на подобрувањето на квалитетот на живеење и социјалната инволвираност во општеството, предуслов за здрав начин на живеење и развој на личноста, корисно искористување на слободното време, подобрување на психофизичките способности и работоспособноста, со јасна стратегија и детално утврдени цели. Финансирањето на јавниот интерес во областа на спортот и грижата за спортската инфраструктура се двата основни правци каде државните органи од областа на спортот треба да дадат значајна помош и поддршка во реализирање на спортските програми на надлежните спортски субјекти, ова во својата колумна за СпортКлуб го објавува Дејан Јовановски.

Вложувањата во спортот можеме да ги поделиме на директни и индиректни. Директни се финансиските средства кои се обезбедуваат од страна на државниот буџет и дејности организирани од државата, финансиските средства од единиците на локалната самоуправа, како и од приватни извори во облик на спонзорства и правата кои потекнуваат од тој основ, телевизиски права и слично. Во посебни аналитички концепти како директни се вбројуваат и средствата на домаќинствата кои се однесуваат на потрошувачка на добра и услуги во рамки на спортот, како што е спортска опрема, членарина, влезници за спортски натпревари и слично. Индиректни вложувања се одредени поттикнувачки мерки во даночната политика како данокот на додадена вредност, данокот на добивка на правните лица, придонесите за плати, данокот на имот и слично, поточно од законски утврдени давачки кои се приход на државниот буџет.

Во зависност од “развиеноста” на државата, можностите се различни. Ако ги разгледаме директните и индиректните вложувања во спортот во најсилните земји во ЕУ ќе се судриме со огромни инвестиции кои главно потекнуваат од приватниот сектор, па имајќи предвид дека се тоа информации кои тешко се сумирааат, ќе се задржам исклучиво на финансиските средства вложени во спортот од страна на државата.

Целата колумна можете да ја прочитате ТУКА.