среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 93
home Кошарка

Кокошков: Оние кои се противат за странец, први би плескале за Леброн Џејмс!

Кокошков: Оние кои се противат за странец, први би плескале за Леброн Џејмс!

Новиот селектор на Србија, Игор Кокошков, во интервју за хрватски „Индекс“ зборуваше за можноста странец да заигра за „орлите“, нешто за кое тамошната јавност многу се противи.

Србите досега немале натурализиран кошаркар во сениорите, а сите успеси ги постигнале со „домашен производ“.

„Ако постои можност странец да игра за репрезентацијата, тогаш не гледам што би бил проблемот ако тој прави разлика на теренот. Ако јавноста не чула за странецот тогаш се противи, а ако хипотетички, тоа е Леброн Џејмс на пример, сигурен сум дека и тоа како би биле за странец. Ако странецот е подобар од она што моментално го имаме, не гледам проблем. Во Србија веќе имавме таков случај. За женската репрезентација играше Даниел Пејџ. Тоа се двојни аршини. Ако федерацијата е против странци, тогаш тоа треба да биде исто и за мажите и за жените. Ако некои посилни и побогати нации се одлучиле за такво нешто, зошто тоа не би го направиле и ние?“, е ставот на Кокошков.

Игор Кокошков работи како асистент во Сакраменто Кингс, а на тренерското столче на Србија седна на местото на Александар Ѓорѓевиќ кој си замина по Светското првенство (СП) кое се одржа во Кина и на кое „орлите“ не успеаја да дојдат до посакуван медал.