среда, 4. август 2021. Вести денес: 60
home Кошарка

Кочов својата кариера ќе ја продолжи во Германија

Кочов својата кариера ќе ја продолжи во Германија

Поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата и тоа како помошник во германскиот прволигаш Најнерс Кемниц.

Кочов ќе го замени Даниел Соколовски кој оди во Лиценец и ќе му биде десна рака на првиот стратег, Родриго Пасторе.

Кемниц минатата сезона ја заврши на 14. место на табелата, Кочов со нив потпиша договор до 2023 година.

Ѓорѓи во досегашната своја кариера работеше во Вардар, МЗТ Скопје и беше асистент во најдобрата македонска репрезентација.

Коронавирус