недела, 22. септември 2019. Вести денес: 0
home Кошарка

Коби Брајант со своја прогноза: Србија може да го победи САД!

Коби Брајант со своја прогноза: Србија може да го победи САД!

Утре стартува Светското кошаркарско првенство во Кина, а на него 32-те репрезентации ќе водат „војна“ за титулата.

Првиот меч кој ќе се одигра помеѓу Србија и Анхола стартува во 9:30 часот, а воедно нашиот северен сосед важи за еден од фаворитите на првенството. Многумина веруваат дека Србите имаат голема шанса на овој Мундобаскет да дојдат до круната, бидејќи повеќе од 40 НБА – ѕвезди нема да настапат за селекцијата на САД, која ја брани титулата.

Со фактот дека Србија има историска шанса да дојде до титулата, се согласува и легендарниот кошаркар Коби Брајант.

Србија има врвни играчи и тие сигурно имаат шанса да победат против САД. Сериозно ме интересира што ќе се случи доколку дојде до нивни дуел, изјави Коби за „Спортклуб“.

Тој притоа додаде дека и актуелниот шампион има одличен тим иако главните ѕвезди не се дел од репрезентацијата, дел поради повреди, дел поради лични причини.

Имаме одлични играчи. Мислам дека тоа е дополнителен мотив за тимот. Сите ги отпишаа затоа што ги нема најголемите имиња во составот. Но, овие млади играчи ќе бидат носители на играта во своите тимови за две до три години, додаде Брајант .