среда, 26. септември 2018. Вести денес: 104
home Кошарка

Коби Брајант му посака добредојде на Леброн Џејмс во Лејкерси

Коби Брајант му посака добредојде на Леброн Џејмс во Лејкерси

Еден од најдобрите кошаркари во светот Леброн Џејмс ќе ја продолжи кариерата во Лос Анџелес Лејкерс, откако со клубот потпиша четиригодишен договор вреден 154 милиони долари.

Меѓу првите, кои му посакаа добредојде, беше и легендарниот играч на Лејкерси, Коби Брајант.

– Ми се допаѓа тоа, изјави Брајант откако официјално беше објавено доаѓањето на Џејмс во тимот.

Брајант потоа на социјалните мрежи му упати јавна порака на Џејмс и му посака „добредојде во семејството“.

Според некои американски медиуми Џејмс пред да ја донесе одлуката за договорот со Лос Анџелес Лејкерс наводно се консултирал токму со Коби Брајант.