сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 105
home Кошарка

Кливленд сака да го задржи Лав

Кливленд сака да го задржи Лав

Раководството на Кливленд е заинтересирано за продолжување на договорот со Кевин Лав, без оглед на тоа дали Леброн Џејмс ќе го напушти клубот или не.

Претходно во американските медиуми беше објавено дека Кавалирс сакаат да го разменат Лав за осмиот пик на драфтот.

Минатата сезона, 29-годишниот кошаркар одигра 59 натпревари во регуларниот дел од НБА шампионат, во просек по 17,6 поени по натпревар, со 9,2 скока и 1,7 асистенции.

Во плејофот Лав играше на 21 натпревар и оствари просечни 14,9 поени, 10,2 скока и 1,6 асистенции.

(Миа)

Коронавирус