недела, 16. декември 2018. Вести денес: 66
home Кошарка

Клиперс се фаворити за Леонард

Клиперс се фаворити за Леонард
epa05965099 San Antonio Spurs forward Kawhi Leonard (R) in action against Golden State Warriors forward Kevin Durant (L) during the NBA Western Conference Finals game one at Oracle Arena in Oakland, California, USA, 14 May 2017. EPA/KYLE TERADA / USA TODAY POOL

Кави Леонард се уште нема одиграно ниту минута за Торонто Репторс, но веќе сериозно се зборува за следната дестинација во неговата кариера. Според информациите на телевизијата ЕСПН, главен фаворит за услугите на крилото е тимот на Лос Анџелес Клиперс.

Клиперси ќе ги имаат потребните финансии за два максимални договори по крајот на сезоната 2018/2019, а претпоставките се дека еден од нив ќе биде за Леонард. Другиот играч, кој се споменува за партнер на Каваи во Калифорнија е Џими Батлер, кој вчера побарал да ја напушти Минесота.

Леонард има опција во неговиот сегашен договор, според која може да го продолжи за уште една година за 21 милион долари. Генералните очекувања, сепак, се дека Кави ќе ја напушти Канада и ќе се упати кон Калифорнија.