петок, 25. септември 2020. Вести денес: 18
home Кошарка

Клиперс поуспешни од Лејкерс во градското дерби на Лос Анџелес

Клиперс поуспешни од Лејкерс во градското дерби на Лос Анџелес

Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс го совладаа градскиот ривал Лос Анџелес лејкерс со 111:106 во натпреварот одигран ноќеска. До триумфот Клиперс дојдоа по резултатски пресврт во второто полувреме, откако првото Лејкерс го доби со 12 поени разлика (63:51).

Најдобар играч во победничката екипа беше Кавај Ленард со 35 поени, 12 скока и пет асистенции.

Во поразениот тим се истакнаа Кајл Кузма со 25 и Ентони Дејвис со 24 поени.

На другиот натпревар одигран ноќта меѓу среда и четврток, Њу Орлеанс го совлада Денвер со 112:100.

И покрај поразот Лејкерс се први во поредокот на Западната конференција со 24-7 (победи-порази), додека на Исток лидер е Милвоки со биланс 27-5.

Коронавирус