петок, 29. јули 2022. Вести денес: 117
home Кошарка

Клиперс му дава на Зубац 33 милиони долари за тригодишен договор

Клиперс му дава на Зубац 33 милиони долари за тригодишен договор

Лос Анџелес Клиперс се договорија за продолжување на договорот со хрватскиот центар Ивица Зубац.

Агентите на Зубац објавија дека кошаркарот ќе заработи 33 милиони во следните три години.

Се забележува дека клубот од Калифорнија ја одби опцијата за следната сезона за 7,5 милиони долари да потпише нов договор.

Минатата сезона Зубац имаше просек од 10,3 поени, 8,4 скока и една блокада по натпревар.  (МИА)

Коронавирус