недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 56
home Кошарка

КК Куманово 2009 со триумф ја заврши првата фаза од БИБЛ лигата

КК Куманово 2009 со триумф ја заврши првата фаза од БИБЛ лигата

Македонскиот прволигаш Куманово со победа над Берое од 93-80 ја заврши првата фаза од годинашното издание во БИБЛ лигата.

Тројца играчи на Куманово постигнаа над 20 поени, Ливингстон даде 22, Андрејевиќ 21, додека Ѓекиќ беше автор на 22 кошеви. Кај бугарскиот преставник двоецот Илиев-Гевин искомбинира 47 поени.

Кумановци како и ТФТ во петок ќе ги дознаат противниците за втората фаза.

Двата македонски претставници Куманово и ТФТ обезбедија пласман во втората фаза во која покрај нив ќе учествуваат и Академик-Пловдив и Берое-Стара Загора од Бугарија, односно Хапоел Холон и Хапоел Гилбоа Галил од Израел. Тимовите ќе бидат поделени во две групи, „Ф“, и „Г“ и тоа еден тим од израелската и два од балканската зона. Ќе се игра по двокружен систем „секој со секого“ што значи дека секоја екипа ќе одигра по четири меча, два на домашен и два на гостински терен.

Завршниот „Фајнал-фор“ турнир е предвидено да се игра во периодот од 16.до18.април. Домаќинот ќе бид еодреден по завршивањето на шесте кола од вториот дел од регионалното натпреварување.

ЕУРО 2020

Македонија