сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 1
home Кошарка

КК Гостивар со уште едно засилување

Кошаркарскиот клуб Гостивар е еден од најактивните клубови на прволигашката сцена на почетокот од преодниот рок, откако по останувањето на дел од клучните играчи тимот на Алек Јончевски се насочи кон ангажман на домашни засилувања.

Откако беше договорен трансферот на Виктор Ефремовски од Работнички, од денеска нов член на гостиварци е и Војче Лефкоски.

Исто како Ефремовски, и Лефкоски е роден во Гостивар, а овој трансфер претставува негово враќање во матичниот клуб по десетина години пауза. Борбениот бек ланската сезона ја почна во дресот на Вардар, по што се пресели во струшки Црн Дрим, тим со кој не успеа да обезбеди опстанок во елитното друштво.

Гостиварци од претходно потпишаа нови договори со браќата Димитриевски, како и со искусните Костоски, Јанески и Тодоровиќ.

Коронавирус