понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 107
home Кошарка

КК Гостивар се засили со Стефан Лакиќ

КК Гостивар се засили со Стефан Лакиќ

Кошаркарот Стефан Лакиќ е нов играч на Гостивар, откако „сино-белите“ беа принудени на промени во играчкиот кадар во ситуација кога е повреден Американецот Фрајдеј.

Високиот кошаркар се обиде да игра против МЗТ, веднаш стана јасно дека повредата е сериозна, а неизвесно е дали тој воопшто ќе може да се врати на терените до крајот на сезонава.

Поради тоа тренерот Александар Јончевски беше принуден да бара ново решение, на крајот ангажирајќи го Лакиќ.

Станува збор за 26-годишен кошаркар висок 201 сантиметар, кој добро се снаоѓа и како крилен центар и како крило во тимот. Тој го мина досегашниот дел од сезоната во босанскиот прволигаш Младост, каде во просек постигнуваше по 15 поени и имаше шест скокови по натпревар.

 

Коронавирус