петок, 24. септември 2021. Вести денес: 131
home Кошарка

КК Феникс и КК Работнички казнети со по 20 илјади денари

КК Феникс и КК Работнички казнети со по 20 илјади денари

Комесарот за натпреварување при КФСМ, Александар Милојевиќ донесе одлука по инцидентот што се случи на дуелот меѓу Работнички и Феникс, во рамките на меморијалниот турнир „Анте Дуковски“ во Скопје.

Иницијаторите на тепачката Пол Џексон од Работнички и Ахмад Кларк од Феникс се исклучени од турнирот, но со оглед на тоа што тимот од Градски парк е веќе елиминиран, суспензијата се однесува само на играчот од противничкиот табор. Освен тоа, двата клуба се казнети парично, со по 20 илјади денари.

Лошо поминаа и службените лица на натпреварот одигран во Кале. Поради низа пропусти и грешки, тие се казнети со два натпревара неделегирање.

Коронавирус