вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 98
home Кошарка

КФСМ на годишното собрание го усвои финансискиот извештај за 2020 година

КФСМ на годишното собрание го усвои финансискиот извештај за 2020 година

На годишното собрание на федерацијата, беше прифатен и извештајот за работата на федерацијата за 2020/21 година.

Претставниците на клубовите членки на собранието, на денешната седница на највисокото законодавно тело во кошаркарската федерација, ги подигнаа зелените картони во знак на прифаќање на Финансискиот извештај на федерацијата за 2020 година.

Освен тоа, со 23 гласови „ЗА“, на годишното собрание кое беше одржано денеска во хотелот Лимак во Скопје, а со кое раководеше претседателот Перо Антиќ, делегатите на собранието го прифатија и извештајот на работата на КФСМ за 2020/21.

Претходно, претставниците на клубовите ги усвоија записниците од собранието одржано на 10 декември 2020 година, како и тој од дописното собрание на федерацијата кое беше одржано на 15 септември 2021 година.

Коронавирус