среда, 18. јули 2018. Вести денес: 0
home Кошарка

Казни за инцидентите на дербито Работнички-МЗТ, еве колку се должни да платат

Казни за инцидентите на дербито Работнички-МЗТ, еве колку се должни да платат

Работнички и МЗТ Скопје  високо се казнети од страна на Комесарот за натпреварување поради инцидентите што се случија на вечното дерби меѓу големите ривали одиграно минатиот викенд, што траеше два дена поради прекинот во третата четвртина и неможноста да се испразни дел од салата „Градски парк“.

Работнички ќе плати 135.000 денари, додека МЗТ Скопје ќе мора да плати 95.000 денари за однесувањето на своите навивачи, додека одлуката за евентуалната суспензија на салата „Градски парк“ е одложена за наредната седмица, кога дефинитивно ќе се знае дали Работнички до крајот на сезонава ќе настапува во својот дом, или ќе избере нова сала за домашните натпревари.

Работнички е казнет по неколку точки, а највисоките 50.000 денари ќе се платат за фрлање на тврди предмети опасни по живот, по фрленото стаклено шише на терен.

Покрај ова, тимот од „Градски парк“ ќе плати 40.000 денари за плукање, 30.000 денари за тврди предмети, 10.000 денари за слаба организација и 5.000 денари за слаба редарска служба.