четврток, 6. август 2020. Вести денес: 75
home Кошарка

Кармело Ентони сака да се пензионира во Њујорк

Кармело Ентони сака да се пензионира во Њујорк

Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони сака да ја заврши кариерата во Њујорк никс, објави новинарот Марк Берман од „The New York Post“.

Оваа сезона, Ентони има просек 15,3 поени и 6,3 скока по натпревар.

Договорот на 36-годишниот Американец со Портланд важи до крајот на тековната сезона.

Ентони играше за Њујорк од 2010 до 2017 година. За тоа време стана учесник во НБА „ол-стар натпреварот“ седум пати. Во сезоната 2012/13 стана најефикасниот кошаркар на крајот на основниот дел од сезона со просек од 28,7 поени за натпревар. (MИА)

Коронавирус