четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Кошарка

Кари: Оваа сезона ја сакам кошарката на нов начин

Кари: Оваа сезона ја сакам кошарката на нов начин

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари, по победата над Милвоки (122:121) призна дека многу ужива во кошарката и покрај нестабилниот учинок на тимот оваа сезона во НБА-лигата.

Кари ноќеска постигна 41 поен против Бакс, постигнувајќи 14 од 21 удар за поле. Вориорс се 10-ти на Западот со биланс 24-27 (победи-порази).

– Се согласувам дека ја зголемив својата физичка сила. Се обидувам да продолжам да напредувам за да станам уште подобар како играч. Овде клучен фактор е вашата самодоверба, вашиот менталитет. Генерално, имаме лоша сезона досега, нашите перформанси се разочарувачки. Но, признавам дека овој нов предизвик, надминување на сите овие тешкотии ме натера да ја сакам кошарката на нов начин, истакна Кари.

Оваа сезона, 33-годишниот играч во просек бележи 29,7 поени, 6 асистенции и 5,5 скока по натпревар, со процент 40,8% од тројките.

Коронавирус