среда, 22. август 2018. Вести денес: 0
home Кошарка

Кари: Дурант заслужено е МВП

Кари: Дурант заслужено е МВП

Еден од најдобрите кошаркари на Голден Стејт, Стеф Кари изјави дека неговиот клупски колега Кевин Дурант заслужено два пати по ред е прогласен за најдобар играч во финалето на НБА плејофот.

Рано утрово „воините“ го победија Кливленд и со 4-0 во финалната серија ја одбранија шампионската титула.

-Дурант заслужено го доби признанието за најкорисен играч. Тој беше неверојатен. Јас сум негов најголем обожавател. Ми се допаѓа што секој во нашиот тим дава свој значаен придонес кон успехот. Еден натпревар јас можам да бидам лидер, во друг – некој друг. Но, во секој случај, може да спијам мирно и да си кажам дека поминав одлична сезона. Сите сме горди на она што го постигнавме заедно. И драго ми е што помогнав да ја освоиме титулата, изјави Кари.

Тој со 37 поени беше најефикасен на гостувањето кај Кливленд.

(Миа)