вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 158
home Кошарка

Калахан од Пелистер се сели во Еуро Никел

Калахан од Пелистер се сели во Еуро Никел

Кошаркарскиот клуб од Кавадарци Еуро Никел продолжи да го засилува тимот за новата сезона, во која ќе влезат пак со високи амбиции.

Екипата која се бореше во финалето на Првата лига против актуелниот шампион МЗТ Скопје, го промовира Џордан Калахан како ново име.

Американецот кој минатата сезона настапуваше за Пелистер пристигна во Кавадарци и ќе биде сериозно засилување за Самарџиец во Еуро Никел.

Кавадарчани беа едно од најпријатните изненадувања минатата сезона, па се очекува да бидат конкурентни и во новата.

Веќе во Еуро Никел пристигнаа Ивица Димчевски, Бранислав Ѓекиќ и Тео Атанасов, а ќе остане и најдобриот поединец, Дарко Соколов.

Коронавирус