недела, 21. април 2019. Вести денес: 0
home Кошарка

Како Медфорд го донесе МЗТ на прагот на финалето во АБА 2 (ВИДЕО)

Како Медфорд го донесе МЗТ на прагот на финалето во АБА 2 (ВИДЕО)

МЗТ Скопје со поени на Медфорд во последната секунда од натпреварот со 71:70 го доби првиот полуфинален натпревар против Спарс и сега има огромни шанси да се пласира во финалето од плејофот во втората АБА лига.

На минута и пол до крајот домаќините имаа шест поени разлика, 70:64, но следуваше супер финиш на МЗТ Скопје, серија од 7-0 која кулминираше Медфорд во последната секунда од мечот за 71:70.

Дури тројца играчи во составот на МЗТ Скопје имаа по идентични 13 поени, Симоновски, Медфорд и Иванов, Самарџиски имаше 12 поени и 11 скокови.

Ова е голема победа на МЗТ Скопје кој поведе со 1-0 во серијата со Спарс која се игра во два добиени меча.

Вториот натпревар се игра во недела на 24. март во „Јане Сандански“, со победа МЗТ Скопје ќе се пласира во финалето и ќе се бори за враќање во првата АБА лига.