четврток, 26. април 2018. Вести денес: 51
home Кошарка

Јута избори плеј-оф

Јута избори плеј-оф

Екипата на Јута забележа триумф (112:97) ноќеска на гостувањето во „Стејплс Центар“ кај Лос Анџелес Лејкерс и си обезбеди место во разигрувањето за титулата.

„Џезерите“ до крајот на основниот дел имаат да одиграат уште два натпревара. Тие по Хјустон, Голден Стејт и Портланд , се четвртата екипа со изборено место во плејофот од Западната конференција на НБА лигата.

На Западот остануваа уште четири слободни места за плејофот во една од најнеизвесните сезони во НБА лигата. За нив ќе конкурираат ЛА Клиперс, Денвер, Минесота, Оклахома, Сан Антонио и Њу Орлеанс.

МИА