четврток, 22. август 2019. Вести денес: 109
home Кошарка

Јуниорите загубија од Израел, имаат уште една шанса за влез во елитата

Јуниорите загубија од Израел, имаат уште една шанса за влез во елитата

Јуниорската репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз дури во седмиот меч на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, откако вечерва загуби во полуфиналната пресметка со Израел (66-78).

Овој неуспех, сепак, не значи крај на надежите за пласман во елитната конкуренција, со оглед што според правилата, таму освен финалистите ќе се најде и третопласираниот тим на шампионатот. Тоа значи дека избраниците на селекторот Тони Симиќ ќе имаат уште една шанса за место во А-дивизијата и тоа со евентуална победа во утрешното „мало финале“ против Чешка (17.30 часот).

Павел Данаиловски со 16 поени беше најпрецизен во нашиот тим, Дарио Митевски реализира 13 поени додека нашиот најдобар поединец досега на ЕП, Андреј Јакимовски средбата ја заврши со осум поени и 11 скока.

ИЗВОР: СПОРТ1