вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 60
home Кошарка

Јокиќ: Не ме почитуваат? Не ми треба внимание

Јокиќ: Не ме почитуваат? Не ми треба внимание

Тренерот на Денвер, Мајкл Мелоун неодамна кажа дека српскиот центар заслужува подобар третман, а по победата против Портланд, новинарите му поставија прашање на Јокиќ.

„Ми се допаѓа. Ако не ме почитуваат, ми се допаѓа. Ако ме почитуваат, ми се допаѓа и тоа. Не ми е потребно медиумско внимание. Само сакам да играм кошарка“, кажа Јокиќ.

Денвер го совлада Портланд со 140-108, а Јокиќ го заврши натпреварот со 20 поени, осум скокови и седум асистенции.

„Секогаш е добро кога ќе победите. Секоја победа е важна. Посебно сега поради ковид-19, повреди и останато…“, вели Србинот.

Коронавирус