недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 92
home Кошарка

„Јокиќ како да не припаѓа на НБА лигата“ (ФОТО)

„Јокиќ како да не припаѓа на НБА лигата“ (ФОТО)

Американскиот новинар и НБА аналитичар, Скок Бејлис, истакна дека кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис, покажал супериорност над Никола Јокиќ во дуелот помеѓу Денвер и ЛА Лејкерс, кој го доби тимот на Калифорнија со 105- 96.

Српскиот репрезентативец го заврши натпреварот со 13 поени, осум асистенции и пет скока, додека Дејвис имаше 25 поени со 10 скокови, што доведе до тоа Бејлис да зборува за центарот на Лејкерс во суперлативи.

Дејвис е кандидат за најдобар одбранбен играч, но и најкорисен. Вечерва го натера Јокиќ да изгледа како да не припаѓа во НБА лигата. Тој го тероризираше и целосно го исфрли од игра, ментално и физички, напиша американскиот новинар на својот Твитер – профил.