понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

Јокиќ и Дончиќ зад Леброн и Кари

Јокиќ и Дончиќ зад Леброн и Кари

Кошаркарскиот „Ол-стар“ натпреварот во НБА-лигата е на програмата на 7 март во Атланта, а челните луѓе на официјалниот сајт на оваа лига ја објавија моменталната табела со гласови за играчите кои ќе настапат на оваа кошаркарско шоу.

Во Западната конференција, лидер е Леброн Џејмс од ЛА Лејкерс, а веднаш зад него е Никола Јокиќ од Денвер Нагетс. Потоа следат Каваи Ленард (ЛА Клиперс), Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс), Пол Џорџ (ЛА Клиперс), Зајон Вилијамсон (Њу Орлеанс)…

Кај бековските позиции, прв е Стеф Кари (Голден Стејт), потоа следи Лука Дончиќ (Далас), Демијан Лилард (Портланд), Џа Морант (Мемфис), Донован Митчел (Јута)…

Во Источната конференција, Кевин Дурант (Бруклин) е лидер кај високите играчи, пред Јанис Адетокумпо (Милвоки Бакс), Џоел Ембид (Филаделфија), Џејсон Тејтум (Бостон), Џими Батлер (Мајами), Бам Адебајо (Мајами), а кај бековите, тука се Бредли Бел (Вашингтон), Кајри Ирвинг (Бруклин), Џејмс Харден (Бруклин), Џејлин Браун (Бостон), Зек Лавин (Чикаго) и Треј Јанг (Атланта).

Конечната листа на стартери ќе биде позната на 18 февруари, а резервите ќе се соопштат на 23 февруари.

ЕУРО 2020

Македонија