среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 7
home Кошарка

„Јокиќ е како Леброн, ги прави сите околу него двојно подобри“

„Јокиќ е како Леброн, ги прави сите околу него двојно подобри“

Новата сезона во НБА-лигата е пред самиот старт, а тренерот на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун, го пофали Никола Јокиќ и истакна дека во него гледа лидер за новата сезона. Мелоун го спореди српскиот кошаркар со Леброн Џејмс, поради неговото влијание на тимот.

„Кога бев во Кливленд, вообичаено велевме „овој играч е далеку подобар со Леброн во тимот“. Сега, во Денвер кажуваме „овој играч е далеку подобар со Никола Јокиќ во тимот“. Никола е голем играч, ги прави сите околу него двојно подобри. Тој е наш камен-темелник во тимот, кој и да игра околу него, може да има двојно подобар учинок, отколку без него во екипата“, изјави Мелоун.

Репрезентативецот на Србија во минатата сезона беше најдобар центар и се најде во идеалната петорка на НБА-лигата.