сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Кошарка

Јокиќ: Баш ми е гајле за статистиката, не читам ништо

Јокиќ: Баш ми е гајле за статистиката, не читам ништо

До Никола Јокиќ воопшто не допираат критиките за неговата слаба форма на стартот на сезоната во НБА-лигата. На српскиот центар и член на Денвер не му е гајле колку поени постигнал и колку топки фатил по обрачите.

„Тоа повеќе не ме интересира. Ова лига е базирана на статистика, сигурно тоа ќе ви биде во глава кога за првпат ќе дојдете тука, но мене тоа повеќе не ми е важно“, изјави Јокиќ, кој слично размислува и за МВП признанието.

„Тренерот, играчите, менаџерот…сите сакаат да победиме. Тоа е крајната цел. Така е и кога ќе дадам повеќе поени, како што беше против Хјустон, за што не бев свесен. Секогаш сум изненаден кога ќе го кажат тоа“.

Јокиќ вели дека никогаш не се оптеретува со медиумите и друштвените мрежи,

„Не читам ништо, престанав. Луѓето може да претпостават некои работи, можат да бидат во право или не“.

Коронавирус