среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Кошарка

Јао Минг гостин на Кошаркарскиот сојуз на Србија

Јао Минг гостин на Кошаркарскиот сојуз на Србија

Кинеската кошаркарска легенда, Јао Минг во посета на соседството. Поранешниот играч на НБА лигашот Хјустон денеска беше гостин во Белград каде беше примен од претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Предраг Даниловиќ.

Причина за посетата и тема на разговорите, како што објавуваат српските медиуми, била потенцијалната соработка меѓу двете страни во врска со т.н. „Тренерска клиника“.

Даниловиќ и Минг посветиле внимание и на евентуални подготовки на кинеските селекции во Србија, соработка во врска со семинарите за судии, патувања на српските клубови во Кина, гостување на кинескикот националерн тим во „3х3“ баскет, итн.

Двете страни се договорија за скорешно потпишување на Меморандум за долгорочна соработка, а гостите од Кина добија српски дресови со нивните имиња на позадината.